Путин: Односите меѓу Москва и Вашингтон се влошуваат

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Москва и Вашингтон се сè полоши и полоши, потсетувајќи дека актуелната американска Администрација воведе десетици санкции кон Русија.

– Нашите односи се влошуваат, предупреди Путин во интервју објавено денеска на телевизискиот канал Мир.

Путин ваквата оценка ја изнесе во пресрет на Самитот на Г-20 во Осака, предвиден за крајот од месецот, каде што е можна негова средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Шефот на руската држава изрази очекување дека за време на Самитот на земјите од Г-20, меѓу кои се и Русија и САД, би можеле да се постигнат договори, со кои би се отворил патот за економска соработка.

Би можело да ве интересира

Членките на НАТО се согласија за мерки против Русија ако пропадне нуклеарниот договор

A1on

ПССЕ ги потврди акредитациите на руските пратеници

A1on

Прекинува со работа телевизијата на американската асоцијација за оружје

A1on

Еспер: Турција не може да има и С-400 и Ф-35

A1on

Трамп: Не сакам војна со Иран

A1on

Средба Путин – Трамп, в петок во Осака

A1on