Ердоган: Турција го купи рускиот С-400, но ги купува и американските авиони Ф-35

Турскиот претседател и лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП) Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја веќе го купила рускиот одбранбен систем С-400, јави агенцијата Анадолија.

– Не велам дека Турција ќе го купи рускиот одбранбен систем С-400, туку дека веќе го купи. Тоа е веќе договорено, изјави Ердоган пред седница на АКП во Анкара.

Тој исто така истакна дека Турција купува и американски борбени авиони Ф-35.

– Турција не само што купува американски авиони Ф-35, туку и учествува во нивно производство, прецизира Ердоган, додавајќи дека со американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе разговара во врска со купување на Ф-35.

Тој информира дека кон крајот на месецот во Јапонија ќе се сретне со Трамп и изрази надеж дека тогаш ќе разговараат „и за овие прашања“, пренесе Анадолија.

Би можело да ве интересира

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Руска воена вежба против евентуална терористичка закана

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

A1on

Уште еден американски воен брод вплови во води близу Блискиот исток

A1on

Град на Флорида исплати 600.000 долари на хакери

A1on