СДСМ: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет додека Вељаноски, Милошоски и Димовски не поднесат оставки

„СДСМ покажа дека се менува за напредокот на земјата да продолжи уште позасилено. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив ништо не се менува, напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, на одбрана на криминал, деструкција и антидржавно однесување.

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Од друга страна, кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност.

Напротив, наместо одговорност тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични дела не треба да чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си поднесат оставки од своите функции.

Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: ВМРО-ДПМНЕ се уште не се оградиле од криминалците од нивната партија

A1on

(ВИДЕО) Костадинов: Хидроцентралите на Мицкоски се предмет за ДКСК, ВМРО ДПМНЕ да повика на одговорност во своите редови

A1on

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се тие кои бранат криминал, кои шират лажни вести и штитат криминалци

A1on

Калеска-Ванчева: Извештајот на ГРЕКО го опфаќа незаконското однесување на ВМРО-ДПМНЕ

A1on

(ВИДЕО) Стоилковски: Наместо да побара оставка од Дудуш, Заев побара да ја слушнел другата страна од приказната

A1on

(ВИДЕО) Николов: Филипче и Дончев си поигруваат со здравствениот систем, на сметка на бизнис интереси на поединци!

A1on