Рама: Кога претседателот полудува во име на народот реагира Парламентот

Албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама од изборен митинг во градот Дивјак порача дека одлуката на претседателот на Албанија, Илир Мета да ги одложи локалните избори е до сега непознат чин во историјата на светското владеење.

Рама нагласи дека Парламентот е должен да реагира во име на народот кога претседателот „полудува“, оценувајќи дека Мета го изгубил правото да остане во канцеларијата на претседателот на Републиката.

– Илир Мета презеде чин кој е непознат во историјата на светското владеење. Потпишува указ за избори, па го поништува. Ако светот влезе во логиката на Илир Мета, така што потписот на кој било авторитет би можел да се врати, не би постоела држава, правило, насока, туку целиот свет би бил една голема гунгула, изјави Рама.

Тој посочи дека ова ќе остане само грдо и неодговорно дело што не може да се прифати или толерира.

– Илир Мета го изгуби правото да остане во канцеларијата на претседателот на Републиката, се додека моќта на народот е во Парламентот и се додека Парламентот има должност да реагира во име на народот доколку претседателот полудува, порача Рама.

Тој ја обвини опозицијата дека се плаши да излезе пред народот, се плаши од избори, од одмерување на силите и од правосудните реформи.

Инаку, на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент на дневен ред е барањето за импичмент на претседателот Мета.

Би можело да ве интересира

Мета апелира за дијалог „за враќање на Албанија во нормала“

A1on

Баша: Одлуката на Советот на Европа е дистанцирање од незаконските избори на Рама

A1on

Советот на Европа се откажа од набљудување на изборите во Албанија

A1on

Анкетна комисија ќе испитува дали албанскиот претседател го прекршил Уставот

A1on

За изборите в недела ќе бидат ангжиран над 12.000 полициски службенци

A1on

Баша побара од албанските граѓани да ги бојкотираат изборите

A1on