Жункерас: Гласањето на референдумот во Каталонија не е злосторство

Поранешниот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас изјави денеска пред шпанскиот Врховен суд дека гласањето на забранетиот референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија не може да се смета за злосторство.

Жункерас е еден од десетмината политичари и активисти на кои им се суди поради неуспешниот обид во 2017 година да го направат овој регион независна република преку одржување референдум, иако судовите го забранија.

Државни обвинители го товарат Жункерас поради бунт, за што е предвидена казна затвор до 25 години.

Четири месечното сослушување заврши денеска, а Жункерас во завршните зборови нагласи дека прашањето за каталонската независност спаѓа во политичка сфера, а не во судница.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Спасени 292 мигранта, меѓу нив и три деца

A1on

Шпанија се приклучи на француско-германскиот проект за борбени авиони

A1on

Први случаи на вирусот Чикунгуња во Шпанија

A1on

Шпанија не се откажува од постапката против Пуџдемон

A1on

Социјалистите и Подемос партнери во новата влада на Шпанија

A1on

ВИДЕО: 28 повредени при несреќа во забавен парк во Севиља

A1on