Официјално: Челзи нема да може да привлече нови фудбалери ова лето

Челзи нема да може да привлече нов фудбалер во тековниот трансфер прозорец. На клубот му е наметната забрана за дојдовни трансфери поради неправилно, според ФИФА, привлекување на странски играчи на возраст под 18 години. Одделно, клубот беше казнет со 475.000 фунти.

Откако лондонскиот тим ја загуби жалбата на една инстанца, сега тие го префрлија случајот кон спортскиот арбитражен суд во Лозана. Од таму, сепак денес објавија дека случајот на Челзи нема да биде разгледан пред 14 август, а пазарот за англиските клубови затвора на 8 август – ден пред почетокот на новата сезона на Островот.

Чудно е дека од „Стемфорд Бриџ“ не го искористија своето право да побараат суспендирање на казната, додека случајот не биде разгледан.

Санкцијата не важи за однапред договорени трансфери. Така на пример, Кристијан Пулишиќ доаѓа од Борусија (Дортмунд), откако договорот беше финализиран уште во почетокот на минатата сезона.

Освен тоа Матео Ковачиќ може да остане трајно на „Стемфорд Бриџ“, бидејќи има таква клаузула во неговиот договор за позајмен од Реал Мадрид.

Би можело да ве интересира

Ширер: Лампард е идеална опција за Челзи

A1on

ПСЖ предложи размена Нејмар – Погба, Јунајтед одби

A1on

Играчите на Манчестер веруваат дека заминувањето на Погба ќе биде од корист за тимот

A1on

Торес објасни зошто решил да ја заврши својата кариера

A1on

Чех назначен за технички советник во Челзи

A1on

Торес ја заврши кариерата

A1on