Уставни ограничувања за импичмент на албанскиот претседател

По најавата за импичмент на претседателот на Албанија, Илир Мета во албанскиот Парламент, во јавноста се погласно се поставува прашањето каква ќе биде судбината на шефот на државата.

Уставот на Албанија предвидува Парламент со 140 пратеници, но во него сега има 19 празни пратенички места, кои не постои ни минимална шанса да бидат пополнети, бидејќи по откажувањето на пратеничките мандати од страна на опозицијата, тие беа делумно пополнети со други пратеници од кандидатските листи на опозицијата. Бидејќи дел од оние кои беа на листите не се согласија да го прифатат мандатот, денес законодавниот дом е во нецелосен состав.

Второ што предвидува Уставот се потребните 93 гласови за смена на претседателот, а владиното мнозинство има 74 пратеници.

Но, и доколку бидат обезбедени потребниот број гласови и се изгласа разрешување на шефот на државата, Уставниот суд е тој кој потврдува дали претседателот ќе биде разрешен од функцијата.

Оваа највисока судска инстанца во Албанија не функционира повеќе од една година. Во моментот има само еден судија и тој е со истечен мандат, а останатите осум судии беа разрешени откако не го минаа процесот на ветинг, односно не можеа да го објаснат потеклото на имотот.

Доколку се направи итен обид Судот да профункционира, тоа нема да биде можно, бидејќи тројца од судиите ги предлага претседателот на државата, тројца Врховниот суд, кој исто така не функционира, а тројца Парламентот.

Според тоа, без Уставен суд шефот на државата не може да биде разрешен, а без него пак не е можно воспоставување на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори

Анкетната комисија ќе бара мислење од Венецијанската комисија за разрешувањето на претседателот Мета

Средба Мета-Баша за политичката криза во земјата

Ана Ололовска

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска

Мета добитник на меѓународната награда „Златен лав“

Ана Ололовска

Мустафај: Албанија е во состојба на лудило и антиуставност