(ВИДЕО) Костадинов: Именувани 30 претседатели на општински организации

„Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува.

Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата.

Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ.

Половина од назначените, 15 досега, се ново именувани“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата.

Ова е само еден чекор од суштинските промени кои имаат за цел да внесат нова енергија, нов систем во работата на партијата, во интерес на граѓаните.

Како што најавивме, во периодот пред нас следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.

СДСМ се менува за напредокот да продолжи уште позасилено“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: ВМРО-ДПМНЕ се уште не се оградиле од криминалците од нивната партија

A1on

(ВИДЕО) Костадинов: Хидроцентралите на Мицкоски се предмет за ДКСК, ВМРО ДПМНЕ да повика на одговорност во своите редови

A1on

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се тие кои бранат криминал, кои шират лажни вести и штитат криминалци

A1on

Калеска-Ванчева: Извештајот на ГРЕКО го опфаќа незаконското однесување на ВМРО-ДПМНЕ

A1on

СДСМ: Процесот на гасификација со реализација од 50 проценти

A1on

СДСМ: Напредокот кон НАТО продолжува, 19 земји членки го ратификуваа Протоколот

A1on