Повеќе од третина најбрзорастечки технолошки фирми во Европа се од Британија

Велика Британија е на прво место во Европа според бројни технолошки компании чија вредност е повеќе од милијарда долари, според анкетата на британската влада во момент кога се оджува „Лондонската недела на техниката”, објавија британските медиуми.

По бројот на технолошки гиганти во светот пред Велика Британија се САД и Кина.

Истражувањето покажа дека претприемачите од Велика Британија во изминатите 20 години имаат воспоставено 72 такви бизниси, вклучувајќи 13 минатата година, со тоа што само САД и Кина ги надминуваат тие бројки, Германија има 29 и Индија 26. Исто така, се вели дека САД и Кина во истиот период создале околу 703 и 206 технолошки фирми.

Повеќе од една третина од компаниите што брзо се развиваат вклучувајќи ги и TechUK, Google, Facebook, BT и Apple, имаат седишта во Велика Британија, покажува студија на владиниот Совет за дигитална економија.

Лондон предводи во дигитален развој низ Стариот континент, со 45 нови компании базирани во градот, вклучувајќи ги и 18 финтек фирми како Monzo,Revolut и OakNorth.

Студијата e објавена кога глобалните технолошки компании ветија дека ќе инвестираат повеќе од 1,2 милијарди фунти во Велика Британија.
Лондонската недела на техниката се одржува оваа година по шести пат, а за пет дена колку што трае, ќе биде организиран голем број настани со цел да се промовира технолошкиот сектор.

Би можело да ве интересира

Утре почнува седмиот Конгрес на педијатри со меѓународно учество во Струмица

A1on

Нема пожар во Парламентот во Лондон

A1on

Евакуиран Парламентот во Лондон по предупредување за пожар

A1on

Хант: Загрижени сме да не почне случајна војна

A1on

Вајгл: Ќе добиете датум, септември и октомври се близу

Васко Маглешов

Карази: Ако европските земји не го заштитат Иран од санкциите на САД, помалку ќе го почитуваме договорот

A1on