„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам

Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје“ („Feel Skopje“) во организација на НВО „Концепт плус“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри промоцијата на Скопје и нашата држава во светски рамки, како подобро да се привлечат повеќе посетители и да се добие повеќе внимание и простор во странските медиуми.

Конференцијата е дел од проектот и порталот visitskopje.mk, а ќе се промовира и новиот портал visitmacedonia.eu кој ќе има за цел да ја промовира нашата земја како посакувана туристичка дестинација.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат пет интернационални говорници од пет држави.

Би можело да ве интересира

Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

A1on

Презентација на традиционалната храна и култура за запознавање на Преспа

A1on

За 2,9 проценти зголемен бројот на туристи во април годинава

A1on

Работилница: Едукација на туристичките работници и промоција на понудата

A1on

Работилница за едукација на туристичките чинители

A1on

Професионални практики во гастрономијата за подобра туристичка понуда на Охрид

A1on