Промоција на книгата „Дремката на облакот“

Книгата „Дремката на облакот“ од поетесата Софија Бислимоски ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Збирката содржи осумдесет хаику песни, a промоторка и рецензентка е Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Бислимоски минатата година има освоено Гран при за поезија на литературниот конкурс „Моќта на читањето – Климентова животна сила“.

На шестиот меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Михајло Ковач“ во Нови Сад доби прва награда, а на девети меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Војислав Деспотов“ во Нови Сад во Србија, беше второнаградена.

Коавторка е на книгата „Тивките сили на духот“, а по објавувањето на збирката поезија „Мисли молкома“, минатата година, ова е нејзина втора книга.

Би можело да ве интересира

Летен фестивал на книгата во „Три“ – „Читај каде и да одиш“

A1on

Читајќи го Балканот – разговор со четворица писатели

A1on

„Калеидоскоп“ – едиција со десет современи книжевни дела за млади

A1on

„Сенката на Марко Крале“ – монографска студија на Витомир Митевски

A1on

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

A1on

Книгата „Кожа“ од Наташа Сарџоска објавена во САД

A1on