Азар не сака да го споредуваат со Меси

Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар го постави Лионел Меси на врвот на светскиот фудбал. Тој го стори тоа на прес-конференција пред претстојниот квалификациски дуел помеѓу Белгија и Шкотска.

На прашањето дали може да се спореди со ѕвездата на Барселона, Азар увери дека „тоа е невозможно“.

– Точно е дека имаме некои сличности: и двајцата сме ниски, и двајцата сме брзи. Но, тој постигнува голови во сите натпревари, а јас не. Не можам да се споредам со неспоредливиотт, рече Азар. Според него, нема двајца најдобри во историјата.

– Има само еден и тој е, Лео Меси, додаде белгискиот фудбалер.

Восхитувањето на Азар кон Меси не е ново. На почетокот на годината, во интервју за телевизискиот канал „ХЛН“, тој одби да го спореди аргентинскиот фудбалер со Кристијано Роналдо.

Би можело да ве интересира

Торес: Челзи не е на нивото на Реал

A1on

Кутињо: Не знам дали повторно ќе играм за Барса

A1on

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

A1on

Ето: Барселона е вистинското место за Салах

A1on

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

A1on

Нејмар подготвен да се извини на навивачите на Барселона

A1on