Модриќ: Се уште имам сили за Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е амбициозен да им помогне на „лос бланкос“ и во следната сезона.

– Се чувствувам добро, иако оваа сезона не беше добра, признавам. Се уште имам сили за Реал Мадрид. Ќе дојдат одлични играчи. Тоа е она што ни треба. Се надевам дека ќе одиграм силна сезона, се надевам дека и Реал Мадрид ќе има силна сезона. Очекувам да се претставам на високо ниво, изјави актуелниот освојувач на „Златната топка“.

Тој додаде дека не размислил што точно ќе прави по крајот на кариерата.

– Сакам да останам поврзан со фудбалот, но не знам како. Кога мислам на ова, јас не се гледам себеси како тренер, тоа не е она што го сакам. Само кога ќе помислам колку ги боли глава од фудбалерите. За сега, размислувам само на тоа да уживам во играта, додаде Модриќ.

Би можело да ве интересира

Торес: Челзи не е на нивото на Реал

A1on

Кутињо: Не знам дали повторно ќе играм за Барса

A1on

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

A1on

Ето: Барселона е вистинското место за Салах

A1on

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

A1on

Нејмар подготвен да се извини на навивачите на Барселона

A1on