Клинтон одликуван со Орденот на слободата на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го одликуваше поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон со високото државно признание на Косово, Орденот на слободата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи во оваа прилика изјави дека „нема одликување со кое може да се награди придонесот на Клинтон за слободата на албанскиот народ во Косово“.

Клинтон, кој допатува денеска во Приштина за да учествува на утрешната прослава на 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово, изјави дека „Косово е пример за демократија и посветеност на развојот и на животот во мир со соседите“.

– Косово заслужува да биде во Европската унија и во НАТО како независна држава, изјави Клинтон.

Како претседател на САД, Клинтон во 1999 година беше главниот поборник за интервенцијата на НАТО против тогашна СР Југославија, што, по 78 дневната воздушна кампања, резултира со повлекување на југословенската војска и полиција и распоредување сили на НАТО во Косово.

Денот на влегувањето во земјата на копнените единици на Алијансата, 12 јуни, во Косово се слави како ден на ослободувањето.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Имаме докази дека хуманитарна криза во северно Косово е исценирана

A1on

Косовската Влада го повлече нацрт-законот за финансирање на партиите

A1on

Тачи: Ако оваа година не се разбереме со Србија, ќе влеземе во опасна зона

A1on

Вашингтон: Белград и Приштина да преговараат без провокации и да се вратат на дијалогот

A1on

Харадинај: Нема да седиме со скрстени раце пред планот на Белград за дестабилизација на Косово

A1on

Косово: Невладините бараат повлекување на законот за финансирање на партиите

A1on