Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници

Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО утре ќе се најде пред естонските пратеници.

Документот е ставен на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, која ќе биде 17та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг.

Шеснаесет од 29 земји членки го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Властите во земјава, но и високите претставници на Алијансата се надеваат дека целиот процес ќе заврши до декември, кога се одржува Самитот на НАТО во Лондон.

На декемврискиот Самит, Алијансата одбележува 70 годишнина, а тоа се смета за добра можност Северна Македонија да стане 30та членка. Сепак доколку процедурата не биде завршена дотогаш очекувањата се земјата и официјално да стане дел од НАТО и да учествува во процесот на носење политички одлуки на почетокот на следната година.

Амбасадорите на 29. земји-членки на 6 февруари во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат утре ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Утре почнува седмиот Конгрес на педијатри со меѓународно учество во Струмица

A1on

Известувачите на ПССЕ изразуваат загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија

A1on

Османи: Очигледно во јавноста има одредено чувство за етничка пристрасност за судските одлуки

A1on

Сијарто: Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја

A1on

Вајгл: Ќе добиете датум, септември и октомври се близу

Васко Маглешов

Макрон „ја држи Северна Македонија како заложник“ во обид да присили подлабока ЕУ интеграција

A1on