Извршена жрепка за прелиминарниот круг во Лигата на шампионите

Во седиштето на УЕФА денес беше извршено извлекување на двојките за мини-турнирот во Приштина преку кој ќе биде одреден еден патник за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Како што објави УЕФА, во полуфиналето ќе играат:

Фероникели (Косово) – Линколн Ред ИМПС (Гибралтар) и
Тре Пене (Сан Марино) – Санта Колома (Андора).

Полуфиналињата се закажани за 25 јуни, додека финалето ќе се игра на 28 јуни.

Сите натпревари ќе се одржат во главниот град на Косово на стадионот „Фадил Вокри“.

Би можело да ве интересира

Шкупи ги доби противниците во групата од ЛШ

Мане: Подготвен сум да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

Чех назначен за технички советник во Челзи

Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари во Лигата на шампионите

Номе Калју противник на Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ