Одработувате поради аболицијата на Иванов, му рече Мијалков на Костовски

Ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, на судењето за масовното приалушување „Таргет-Тврдина“ го праша сведокот Звонко Костовски дали е точно дека само за него важи аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Точно ли е дека само за вас важи аболицијата“, праша Мијалков.

Поранешниот прв човек на УБК го праша сведокот Звонко Костовски и кога престанал да ја издржува казната за случајот „Пуч“.

„Дали поради аболицијата, го одработувате, она што го одработувате“, праша Мијалков.

Судот не ги дозволи прашањата, со образложение дека сведокот не е обвинет, а Костовски дофрли дека аболицијата била укината.

Претходно судијката Џенета Бегтовиќ го опомена Мијалков да не се расплинува и да не го прашува сведокот надвор од она што е во обвинението.

Во предметот „Таргет-Тврдина“, покрај, ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, обвинети се избеганиот поранешен началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и 6 службеници.

Првото рочиште се одржа на 17 јануари 2018 година, а постапката е закочена неколку месеци на сослушување на вториот сведок на СЈО.

Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за „Титаник“ продолжува на 5 јули

A1on

Судењето за „Монструм“ продолжува на 1 јули

A1on

ВИДЕО: СЈО бара Орце Камчев да биде стражарно донесен со полиција во судот

Васко Маглешов

Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО

A1on

Грујевски наредил на парчиња од 5 сантиметри двапати да биде исечена опремата за прислушување од УБК

Васко Маглешов

УБК прислушувало на компјутери во аероклубот во Центар и кај базенот Аеродром

A1on