Македонија убедливо поразена од Австрија

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера на националната арена „Тодор Проески“ беше убедливо поразена од Австрија со 1:4 (1:1) во квалификациски дуел за ЕП 2020.

Избраниците на Игор Ангеловски беа целосно надиграни од Австрија, која создаде многу повеќе шанси и го диктираше темпото на игра, а неколкуте интервенции на Столе Димитриевски придонесоа резултатот да не биде уште покатастрофален.

„Црвено-жолтите“ поведоа во 18-тата минута со автогол на Хинтерегер, а потоа се беше во знакот на гостинот.

Изедначувањето дојде во 39-тата минута, кога Валентино Лазаро успеа да погоди со волеј по една нафрлена топка од Лаимер.

Во 62-та минута Бејтулаи направи пенал врз Сабитцер во шеснаесетникот, а Арнаутовиќ реализираше за пресврт (1:2).

Напаѓачотна Вест Хем својот втор гол го постигна во 82-та минута, откако со глава пресретна топка на Сабитцер, а на пет минути до крајот Лаимер ги постави конечните 1:4.

Македонија по 4 кола има четири бода на табелата во Групата „Ц“ и моментално е на претпоследното петто место.

Циклусот квалификации продолжува на 5 септември, со гостување кај Израел.

Би можело да ве интересира

Каран: Нема да играме на 0:0 против Пјуник

Татјана Ташкова

ФК „Каменица Саса“ повторно дел од Втората фудбалска лига

Ана Ололовска

ЛЕ: Шкупи одигра нерешено со Пјуник

Шкендија го претстави новиот дрес

Ана Ололовска

Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

Ана Ололовска

Младинците на ФК „Брегалница Делчево” го завршија фудбалскиот камп во Дојран

Ана Ололовска