Изложба за урбаниот биодиверзитет

Изложба на хербариуми, фаунариуми и аквариум со примероци од повеќе градови од државата ќе биде поставена денеска во Градскиот парк, информираат од Институтот за комуникациски студии од Скопје.

На настанот, ќе бидат организирани и интерактивни работилници и игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни, на кои ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат ученици од повеќе основни училишта.

Од Институот информираат дека целта на настанот е да се покаже како човекот влијае врз биодиверзитетот и да се евидентираат растителните и животинските видови кои се присутни во градската средина, кои видови имаат зголемена или намалена бројност, а кои видови исчезнале со текот на времето. Исто така, да се зајакне свеста за значењето на урбаното зеленило со цел да се спречи бетонската инвазија и намалувањето на зелените површини во градовите, особено во Скопје.

Изложбата ја организираат Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Би можело да ве интересира

Утре привремен сообраќаен режим на дел од „Партизанска“

Ана Ололовска

„Црвена јабука“ в сабота на „Summerland“ во Градски парк

Ана Ололовска

Град Скопје ќе отвори сензорна соба во Радишани

Ана Ололовска

Во четврток петто прскање против комарци во Скопје

Ана Ололовска

Црвена Јабука, Црнила Ремикс и летно кино на отворено на „Summerland”

Ана Ололовска

Музика и друштвени игри на првиот „Самрленд“ во Градски парк

Ана Ололовска