Во Бретања одржана средба на неонацисти „во чест на Хитлер“

Во Бретања се одржа средба на неонацисти „во чест на Хитлер“. Иако градот ги замолил сите кои изнајмуваат соби или куќи, да бидат внимателни тоа не било доволно. На 20 април, роденденот на Адолф Хитлер, Националната револуционерна дивизија (ДНР) одржа неонацистичка средба на околу 20 километри од Плелан-ле-Гранд во Бретања. На програмата имало свастики, рап-концерти и нацистички поздравувања, објави денеска регионалниот весник Телеграм.

Најавен на социјалните мрежи, настанот и пред одржувањето создаде контроверзии на почетокот на април, терајќи го градот да реагира. Во пораката на Фејсбук, градот објасни дека „остро ги осудува идеите што ги пренесува овој тип на организација“, и ги повика издавачите на соби и куќи да останат внимателни во однос на резервациите закажани за тој датум, јави дописникот на МИА.

Полемиката порасна до таква мера што шефот на ДНР самиот изјави во весникот Паризиен дека средбата нема да се одржи. Организаторот тврди дека тоа било намерно кажано, со цел да избегне судири со антифашистички групи.

-Концертот беше добар. Тоа беше собир со пријателите. Бевме 35мина потврдува тој за месечникот Морбијан, додавајќи дека други вакви настани можат да се одржат во Бретања.

Во Франција делуваат повеќе неонацистички-крајно десничарски групи, од кои некои се распуштени од страна на француските власти.

Би можело да ве интересира

Неизгасната цигара или електричен дефект можни причини за пожарот во Нотр Дам

A1on

Макрон ја одреди црвената линија за климата на самитот на лидерите на Г20

A1on

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

Франција се подготвува за рекордни температури во јуни

A1on

Едно лице потешко повредено на новите блокади на Жолтите елеци

A1on

Тројца загинати и околу 30 повредени во пожар во Париз

A1on