Мнучин: Хуавеи е прашање на национална безбедност, а не трговија

Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави денеска дека чекорите кои ги презема американската влада против кинеската телекомуникациска компанија „Хуаве технолоџи“ се однесуваат на прашања од националната безбедност и немаат врска со трговијата.

– Како што цело време и зборувавме, разговорите околу Хуавеи се всушност разговори кои се однесуваат на националната безбедност и тие се одвоени од трговијата, изјави Мнучин во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Кинеско-американските трговски преговори се влошија кон почетокот на мај, кога дојде до зголемување на американските тарифи на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари и забраната за американските компании да соработуваат со Хуавеи. Пекинг одговори со тарифи на 60 милијарди вредниот увоз на американска стока.

Би можело да ве интересира

Пентагон веројатно в четврток ќе добие нов шеф

Ердоган планира заедничко производство на оружје со Русија

Санкции од Вашингтон против Турција по годишнината од пучот

Меј: Изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Татјана Ташкова

Хант: Не се согласуваме со САД околу иранската криза, иако сме најблиски соработници

Ана Ололовска

Кина нема да соработува со американски компании кои продаваат оружје на Тајван

Ана Ололовска