Ангеловски пред мечот со Австрија: Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра

Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија, Игор Ангеловски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Австрија од квалификациите за ЕП 2020 информираше дека Елиф Елмас поради повреда на зглобот на ногата е неизвесен за мечот против Австрија.

Тој додаде дека сите други се во комбинација и конкурираат за место во тимот на утрешниот дуел на Националната арена „Тодор Проески“ и дека тимот ќе освои бодови против силниот проитвник.

– Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање, изјави Ангеловски.

Дуелот во Скопје утре почнува од 20,45 часот.

Би можело да ве интересира

Каран: Нема да играме на 0:0 против Пјуник

Татјана Ташкова

ФК „Каменица Саса“ повторно дел од Втората фудбалска лига

Ана Ололовска

ЛЕ: Шкупи одигра нерешено со Пјуник

Шкендија го претстави новиот дрес

Ана Ололовска

Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

Ана Ололовска

Младинците на ФК „Брегалница Делчево” го завршија фудбалскиот камп во Дојран

Ана Ололовска