ДС: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја поддржат иницијативата за промени во изборниот модел

„Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата, зголемување на одговорноста на власта и демонтажа на триесет годишниот “еднопартиски систем”, неопходни се системски промени, меѓу кои и изборниот модел.

Демократскиот сојуз е за пропорционален изборен модел, Македонија да биде една изборна единица и за отворени листи.

Анализата што ја подготви ДС покажува дека само со една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, а во носењето на круцијалните одлуки за државата и граѓаните ќе партиципираат повеќе политички субјекти.

ДС ја подржува иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за отворање на расправа за изборниот модел, но засега “големите” партии не се расположени да создадат услови за еднакви изборни шанси за сите и губење на нивната монополска положба.

Ги повикуваме СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја поддржат иницијативата за промени во изборниот модел“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Галена Николовска-Ризвановиќ

Мицкоски за лидерската: Театар за дефокусирање од вистинските теми не ни е потребен

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Арсовски: Имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта

Ана Ололовска

Османи: ДУИ на лидерската ќе го отвори и прашањето за ветинг

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Зелена нафта за едни ќе има, за други не

Ана Ололовска

Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Ана Ололовска