Тевдовски: Добрите економски резултати се потврда на добрата фискална политика

Забрзувањето на економскиот раст продолжува, што ја оправдува горната ревизија на економскиот раст на 3,5 проценти. Ако се одржи ваквиот солиден раст таа проекција може да се надмине, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Растот од 4,1 процент во првиот квартал е на широка основа, односно има раст кај сите клучни сектори. Ова ги потврдува другите позитивни движења: индустриското производство, извоз, кредитирање на претпријатија, наплата на приходи. Истовремено, сите овие позитивни резултати се најдобра можна потврда за исправноста на фискалната политика и општо на политиките на Владата, вели Тевдовски, информираат од неговиот кабинет.

Растот од седум проценти во градежништвото, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот за финансии, се должи пред се на нискоградбата и потврдува дека јавните капитални инвестиции фаќаат залет. Изградбата на патишта од страна на јавното претпријатие за државни патишта е зголемена за 200 проценти.

Тевдовски потенцира дека политиките се креираат во насока на поттикнување на домашната побарувачка што се гледа во растот на потрошувачката и инвестициите.

– Тука се гледа влијанието на порастот на платите и зголемената вработеност. Според последните податоци платите во март пораснале за 3,8 проценти, што се надоврзува на рекордно високиот раст од 5,9 проценти во 2018 година. Имаме сериозни мерки за поддршка со цел платите да растат, а фирмите да ја зголемуваат продуктивноста. Нашата цел е луѓето да бидат вработени и добро платени. И покрај тоа што не критикуваа дека дел од нашите политики ќе предизвикаат отпуштања, бројките јасно покажуваат дека вработеноста напротив расте, а воедно и платите, нагласува Тевдовски.

Во прв квартал 2019 година креирани се 39,5 илјади работни места во однос на првиот квартал лани, што е раст од 5,3 проценти. Стапката на невработеност секако е доста намалена и тоа за 1,6 проценти во однос на претходниот квартал, или за 3,8 проценти помалку во однос на истиот период лани, се вели во соопштението од кабинетит на Тевдовски.

Тевдовски потенцира дека од трансферот на власта има околу 50 илјади повеќе вработени и околу 45 илјади помалку невработени.

– Пад на невработеноста, најмногу има кај младото население. Кај нив невработеноста во овој период е пониска за десет проценти. Особено радува ваквото подобрување со оглед на тоа што невработеноста на младите е еден од главните проблеми во земјата нотиран редовно и од меѓународните организации, вели министерот за финансии Тевдовски.

Додава дека тоа е високо намалување и дека меѓудругото воедно е и резултат на активните мерки. Во Буџетот за 2019 година предвидени се 1,1 милијарда денари, се наведува во соопштението на министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Премиерот не може да биде и министер за финансии

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Од 1 јули поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните

A1on

Три потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

A1on

Тевдовски: Фич по 13 години го зголеми рејтингот на земјата

A1on

Тевдовски: Правдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто

A1on

Тевдовски: Приходите во Буџетот согласно планираното, се реализираат сите расходи

A1on