Прв директен лет САД-Хрватска, „Американ ерлајнс“ слета во Дубровник по 28 години

Авион „Боинг 767-300″ на американската и најголема светска авиокомпанија „Американ ерлајнс” со 197 патници слета ова утро на аеродромот во Дубровник, што е прв редовен директен лет од САД од осамостојувањето на Хрватска во 1991 година.

Таа директна редовна линија ќе ги поврзува Филаделфија и Дубровник трипати неделно – од јуни до септември, а во текот на септември и четири пати неделно.

Генералниот директор на аеродромот во Дубровник, Франо Луетиќ, нагласи дека тој аеродром работи од 1961 година, а чартер-летовите од САД почнале да пристигнуваат во 1970-те – ЈАТ го поврза Дубровник со Њујорк и со Чикаго, а во април 1983 година слета и првиот авион на компанијата Пан Ам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар на хрватскиот остров Паг, евакуирани 10.000 луѓе

Ана Ололовска

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ поднесе неотповиклива оставка

Ана Ололовска

Приведени 352 лица за време на фестивалот Ултра Јуроп во Сплит

Ана Ололовска

Град со големина на лешник ја „избомбардира“ Хрватска: Силното невреме се приближува кон Србија

Ана Ололовска

Пленковиќ најави реконструкција на владата

Ана Ололовска

Ердоган: Подготвени сме за состанок БиХ-Хрватска-Србија

Ана Ололовска