Кандидат за премиер на Велика Британија призна дека користел кокаин

Кандидатот за иден премиер на Велика Британија и за лидер на Конзервативната партија Мајкл Гоув призна дека во неколку наврати, кога бил млад, земал кокаин и потенцираше оти жали поради тоа.

– Неколкупати сум земал кокаин на социјални настани пред повеќе од 20 години. Тогаш бев млад новинар. Беше грешка. Погледнувам наназад и посакувам да не го направев тоа, изјави Гоув (51), кој е министер за животна средина и храна од 2017 година.

Признанието на Гоув се случува непосредно пред објавувањето на книгата за него, напишана од новинарот Оуен Бенет. Извадоци од книгата насловена „Мајкл Гоув: мажот кој брзаше“, беа ексклузивно објавени во „Дејли меил“.

Гоув оцени дека грешките од минатото не би требало да го дисквалификуваат од трката за наследник на Тереза Меј.

– Мислам дека сите политичари имале личен живот пред политиката, истакна Гоув.

Би можело да ве интересира

Хејстингс: Борис Џонсон е целосно неспособен да биде премиер

A1on

На 23 јули ќе се знае името на новиот премиер на Велика Британија

A1on

Гардијан: Руски тролови шират дезинформации за обид за убиство на Борис Џонсон

A1on

Џонсон: Брегзит во октомври, со или без договор

A1on

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

Нема пожар во Парламентот во Лондон

A1on