Државен фестивал на непрофесионален филм

Во хотел „Монтана“ во Крушево вечер од 19 часот ќе се одржи 48. Државен фестивал на непрофесионален филм, за кој годинава пристигнале 56 филма во пет категории, рекордни во споредба со бројот на апликации во претходните години.

Организатори на фестивалот се Киносојузот на Македонија. Народна техника и Општина Крушево, а се реализира со поддршка на Агенцијата за филм.

Во официјалната селекција за награди ќе бидат прикажани 18 остварувања: „Визија“ и „Поистоветување“ на Стефан Сидовски; „Мадам во чад“ и „Коалица и мачор“ на Ана Андонова; „Чевли“ на Филип Петрески; „Клучарот Цако“ на Љупчо Ристески; „Изолиран случај“ на Кристина Даниловска; „Попладневни малини“ на Глигор Кондовски; „Дождобран“ на Калин Маловски; „Занаетчија“ на Игор Стојковски; „Човекот кој не беше“ на Јован Саркањац; „Мечкари“ на Горан Попоски; „Јас направив избор“ на Зоран Пиловски; „Црно и бело“ на Марија Николаевска; „Убаво и грдо“ на Петре Чаповски; „Хабитус“ на Петар Јанкоски; „Опатија“ на Славче Анѓелков и „Црно или бело“ на Јане Темелковски.

Избрани се од жири во состав Миле Петковски (претседател), Илинденка Петрушева и Ана Опачиќ (членови).

Би можело да ве интересира

Проекција на филмот „Лиза-лисицата самовила“

Ана Ололовска

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” доби повеќе признанија, ќе биде прикажан на седум фестивали

Ана Ололовска

Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули

Ана Ололовска

„Медена земја“ и „Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ во Карлови Вари

Ана Ололовска

Тинејџерска серија критикувана поради експлицитност

Ана Ололовска

„Наскоро“ можно продолжение на Breaking Bad

Ана Ололовска