Едно лице под истрага за разбојништво во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo – разбојништво.

Осомничениот 24-годишен жител на Крива Паланка, на 4 јуни влегол во стан во сопственост на едно оштетено лице и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои.

Тој во станот влегол преку незаклучена врата и од сопственикот кој бил во домот побарал пари. Оштетениот одбил да му даде пари, по што осомничениот започнал да го удира со раце и нозе по целото тело. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – контузија на глава, контузија на мозок и фрактура на носот. Потоа осомничениот со нож се заканил, повторно барајќи пари од оштетениот. Бидејќи повторно не успеал во намерaта, со употреба на сила извршил пребарување низ џебовите на жртвата и одзел 370 денари, по што избегал.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Едно лице повредено во расправија на „Џон Кенеди“

Приведени пет лица од Гостивар кај кои е пронајденo марихуана и кокаин

Обвинение за трговија со дете, младоженец купил невеста за 1.600 евра

Ана Ололовска

Скопјанец загина во сообраќајка во близина на Охрид

Ана Ололовска

Доктор од Битола дал дијагноза со која тешко го нарушил здравјето на пациентот

Спасени параглајдеристите кои паднаа на непристапен терен на Галичица

Татјана Ташкова