Путин во јули кај папата Франциско во Ватикан

Папата Франциско на 4 јули ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин, потврди денеска портпаролот на Ватикан, Алесандро Гисоти.

– Ќе се сретнат во Ватикан, рече Гисоти.

Кабинетот на рускиот претседател претходно потврди дека Путин планира официјална посета на Италија и дека ќе се сретне со папата Франциско, но дека датумот не е потврден.

Во април портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин планира ова лето да ја посети Италија, додека италијанскиот амбасадор во Москва, Паскал Терачијано рече дека посетата на Путин се очекува во јули.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ги потврди акредитациите на руските пратеници

A1on

Средба Путин – Трамп, в петок во Осака

A1on

Протестна нота од САД до Русија поради наводно малтретирање Американец

A1on

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on

НАТО: Русија има рок до 2 август да се усогласи со нуклеарниот договор

A1on

Патрушев: Американскиот дрон бил во иранскиот воздушен простор

A1on