Извлечени уште две тела на жртви од несреќата на Дунав

Од Дунав денеска се извлечени уште две тела, со што бројот на загинати во судирот на туристички брод и крузер во Будимпешта се зголеми на 15 лица.

Од 33 Јужнокорејци кои се наоѓале на бродот, 13 од нив и двајца унгарски членови на екипажот се уште се водат како исчезнати.

По судирот на туристичкиот брод Хаблеани со крузерот беа спасени седум јужнокорејски туристи.

Локалните медиуми јавија дека Хаблеани во наредните денови би можел да биде извлечен од водата со голема дигалка.

Би можело да ве интересира

Груевски на бизнис забава во Будимпешта

А1он

Груевски нема да биде екстрадиран, одлучи судот

Кристијан Ландов

Унгарија: Доживотен затвор поради смрт на 71 мигрант

Ана Ололовска

Четири тела извлечени од водите на Дунав

Ана Ололовска

Извлечен бродот од Дунав, пронајдени нови тела на загинати

Ана Ололовска

Капетанот уапсен поради несреќата во Дунав и претходно предизвикал судар

Ана Ололовска