(ВИДЕО) Мајли Сајрус: Не си „играјте“ со мојата слобода

Мајли Сајрус се огласи на Твитер по инцидентот во Барселона кога непознат маж ја повлече кон себе со намера да ја бакне, додека таа одеше кон својот автомобил со својот сопруг Лијам Хемсворт.

Сајрус сподели и снимка од случката, каде што се гледа како непристојниот „обожавател“ ја фаќа пејачката за коса и ја влече кон себе. Притоа, таа нагласи дека „никој не може да ја допира без нејзина согласност“, додавајќи хаштаг #DontFuckWithMyFreedom („Не се за……те со мојата слобода“).

Некои од следачите ѝ приговорија дека „тоа е очекувано кога се облекува секси“, на што таа повторно нагласи – „Не се зафркавајте со мојата слобода“ и додаде уште еден хаштаг #stillnotaskingforit („сè уште не прашувам за дозвола“).

Во знак на револт кон оној што посегнал кон неа, но и оние што го оправдуваат тоа, Сајрус објави и слика без градник.

Би можело да ве интересира

Памела Андерсон раскина со Адил Рами, оти водел „двоен живот“

A1on

(ВИДЕО) Роберт де Ниро: Трамп дојде на власт со помош на Русија

A1on

ВИДЕО: Роналдо воодушеви со своето совршено тело на одморот во Грција

A1on

Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

A1on

Рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс

A1on

На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

A1on