Фиат Крајслер ја повлече понудата за спојување со Рено

„Фиат Крајслер“ (ФЦА) ја повлече понудата за спојување со францускиот производител на автомобили „Рено“, соопшти италијанско-американската компанија.

Тоа следеше по неуспешниот обид на членовите на одборот на „Рено“ да донесат одлука за понудата, пренесува Би-Би-Си.

Компанијата „Рено“ соопшти дека не можела да постигне договор бидејќи претставници на францускатата Влада, која е најголем акционер со 15 отсто од вредноста, побараа одложување.

Кон крајот на мај, „Фиат Крајслер“ направи понуда за спојување со „Рено“, опишувајќи ја како „трансформативен предлог“ кој ќе создаде глобален автомобилски лидер.

– Јасно е дека во Франција не постојат политички услови за таква комбинација да биде успешна. Ние остануваме цврсто убедени во трансформациската увереност на предлогот, чии услови се внимателно избалансирани со цел да се обезбедат значајни придобивки за двете страни, наведе „Фиат Крајслер“ во соопштението.

Како што се посочува, спојувањето на „Рено“ и „Фиат Крајслер“ ќе овозможи компаниите да ги делат трошоците за развој на технологијата, како што се електричните возила.

Италијанско-американскиот гигант претходно соопшти дека со таа спогодба ќе се создаде производител на автомобили што ќе продава 8,7 милиони возила годишно, на сите клучни пазари.

– Благодарение на новите технологии, таквата компанија ќе има и до пет милијарди евра годишна заштеда. Широкото и комплементарно портфолио на двата бренда ќе овозможи целосна покриеност на пазарот, од луксуз до секојдневие, се наведува во соопштението на ФЦА.

По исплата на специјална дивиденда од 2,5 милијарди евра на акционерите на ФЦА, секоја групација треба да добие по 50 отсто од комбинираниот ентитет во нови акции.
Освен француската Влада, акции во „Рено“ има и јапонската компанија „Нисан“, поради што претставници на Владата од јапонската компанија побараа поддршка за спојување со „Фиат“, но „Нисан“ беше воздржан и Владата побара уште време за преговори.

Би можело да ве интересира

Бразил: Откриена фабрика за лажни „ферари“ и „ламборџини“

Ана Ололовска

Раст на продажбата на Ламборџини за 96 отсто

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стар „бетмобил“ откриен во Украина

Ана Ололовска

Почина таткото на Форд мустангот, Ли Јакока

Ана Ололовска

Фолксваген и Фиат Крајслер се соочуваат со казни поради штетни гасови

Ана Ололовска

Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

Ана Ололовска