Ирина Шајк и Бредли Купер најверојатно раскинале

Веќе подолго време се говори за проблеми во врската на манекенката Ирина Шајк и глумецот Бредли Купер, а извори блиски ним откриваат дека сега двојката „се обдува да сфати зошто воопшто се сè уште заедно“.

Шајк, според изворот, веќе се иселила од домот, во кој покрај нив, живее и нивната двегодишна ќерка Леа де Сејн Шајк Купер.

Гласините за проблемите во врската меѓу манекенката и актерот се појавија по филмот „Ѕвездата е родена“ и наводниот близок однос меѓу Купер и неговата колешка од сцената – Лејди Гага.

Приказната особено ја зачини нивниот емотивен заеднички настап на доделувањето на Оскарите коешто Ирина го гледаше во публика.

На годинешната Мет гала пак, Ирина Шајк на црвениот тепих се појави сама.

Би можело да ве интересира

Памела Андерсон раскина со Адил Рами, оти водел „двоен живот“

A1on

(ВИДЕО) Роберт де Ниро: Трамп дојде на власт со помош на Русија

A1on

ВИДЕО: Роналдо воодушеви со своето совршено тело на одморот во Грција

A1on

Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

A1on

Рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс

A1on

На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

A1on