Спанаќ со печурки

Збогатете го вкусот на традиционално подготвениот спанаќ.

Состојки:

2 лажици маслиново масло
1/2 кромид, ситно сецкан
1 чаша исецкани печурки
300 гр млад спанаќ
1/8 лажичка рендано морско оревче
1 лажица брашно
1/2 чаша млеко без маснотии
100 гр рендан пармезан

Подготовка:

Загрејте една лажица маслиново масло и пропржете го кромидот. Потоа додадете ги печурките и пржете 5 мин. Додадете го морското оревче, сол, црн бибер, и спанаќ и гответе додека спанаќот не омекне. Потоа тргнете ја тавата од оган.

Загрејте го останатото маслиново масло потоа полека додавајте го брашното и мешајте 1 до 2 минути. Полека додавајте го млекото и продолжете да мешате додека не почне да клокотка. Тргнете го од оган а потоадодаете го пармезанот и мешајте додека не се растопи. Добро промешајте и уживајте.

Би можело да ве интересира

Таратур со ореви

A1on

Рагу со мелено месо

A1on

Салата со млади компири и боранија

A1on

Пилешко со шафран, леќа и зеленчук

A1on

Тоскански сладолед од лешници

A1on

Виенски гулаш со кнедли

A1on