„Макбет“ на два фестивала во јуни

Во рамки на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ што ќе се одржува од 7 до 15 јуни во Прилеп, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставите „Макбет“ и „Силјан Штркот шанца“.

„Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, ќе биде одиграна на фестивалското отворање (во официјалната натпреварувачка програма), на 7 јуни. На творањето, пак, на 15 јуни 2019, во чест на нагадените, ќе се одигра претставата „Силјан Штркот шанца“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

На 27 јуни, на големата сцена во МНТ, претставата „Макбет“ ќе настапи и на 40. јубилејно издание на „Скопско лето“.

Билетите за изведбата на 27 јуни се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку онлајн системот на www.mnt.mk.

Би можело да ве интересира

Почнува 17. издание на фестивалот „Актерот на Европа“

Ана Ололовска

„Црнила ремикс“ ќе гостува во Нови Сад и Загреб

Ана Ололовска

Велешкиот театар со „Црвенкапа“ гостува во Пустец

Ана Ололовска

Фестивалот „Гола месечина“ оваа година ќе се одржи во септември

Ана Ололовска

„Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Крал Иби“

Ана Ололовска

„Недоразбирање“ – премиера на Кумановскиот театар

Ана Ололовска