Германија и Англија и официјално се спротивставија Суперлига да ја замени Лигата на шампионите

Германија и Англија се против идејата на Европската клупска асоцијација (ЕСА) за создавање на Суперлига во 2024-та година, соопшти претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Рајнхард Раубал.

ЕСА работи со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за реформи во Лигата на шампионите, кои можат да стигнат до толку далеку, што да биде создаден целосно нов турнир. Но ова, во голема мера, значи дека ова меѓународно клубско првенство ќе биде затворено за помалите тимови.

Германија и Англија го поддржаа шпанскиот шеф, Хавиер Тебас, кој се спротивстави на идејата за ЕСА.

– Јас сум претседател на Германската фудбалска лига и претседател на Борусија Дортмунд. Нашето првенство, нашата Бундеслига, донесе едногласна одлука да не ја поддржи идејата на ЕСА. Дејвид Гил мисли на ист начин: германската и британската фудбалска лига се против овој предлог, и мислам дека не може да има решение за ова прашање без Германија и Англија, рече Рајнхард Раубал за време на Конгресот на ФИФА во француската престолнина Париз.

Според него, предлогот наликува на американските првенства, а тоа не треба да се случува на Стариот континент.

– Во Европа има традиционална фудбалска пирамида. Во Германија имаме највисока посетеност со 42 илјади просек на натпревар и стигнавме до оваа бројка со работа и доследност. Не сакаме да уништиме се со едно решение. Ние сме традиционалисти и нагласуваме дека домашното првенство е најважно. Ако се изгради пирамида по предлогот на ЕСА, ќе бидат уништени многу клубови, а тоа е опасно, заврши Германецот.

Би можело да ве интересира

Шкендија елиминиран во првото коло

Шкупи ги доби противниците во групата од ЛШ

Мане: Подготвен сум да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

Чех назначен за технички советник во Челзи

Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари во Лигата на шампионите