Надал пред мечот со Федерер: Ако не му создадам проблеми, јас ќе имам такви

Рафаел Надал му даде само пет гема на Кеј Нишикори и се пласира во полуфиналето на „РОлан Гарос“, каде го очекува Роџер Федерер. Светскиот број 2 е подготвен за епизодата бр. 39 од тениското „Ел Класико“, во која води со 25:13 во победи.

– Ако треба да сум чесен, за мене најважно е фактот дека сум во полуфиналето. Начинот на кој играм е многу позитивен. Играв цврсто и освоив натпревари против тешки противници. Фактот дека Роџер стои пред мене во полуфиналето, е дополнување на сето ова. Со него ги споделивме најважните моменти во нашата кариера, соочувајќи се еден против друг. Следува нова епизода. Тоа ќе биде посебен момент и се надевам дека ќе бидам подготвен за него, рече 11-кратниот шампион во Париз.

И двајцата се соочија само еднаш во оваа фаза на турнирот – во 2005 година, а Надал беше победник. Потоа следеа четири финалиња на Ролан Гарос, во кои триумфираше „Кралот на земја“.

– Секој натпревар е различен, нема два исти натпревари. Секогаш пробуваме различни работи. Очекувам дека ќе игра агресивно, ќе го смени ритамот и ќе излегува на мрежата. Морам да бидам солиден и да ја погодувам топката толку силно, за да не му дозволувам да излезе во добри позиции. Ако играм добро од форхенд и бекхенд, се надевам дека ќе му создадам проблеми. Ако не, јас ќе имам такви, рече Надал со насмевка.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Федерер е најголемиот играч на сите времиња

A1on

Багдатис ќе се пензионира по „Вимблдон“

A1on

Мареј првпат победи на турнир по враќањето од повредата

A1on

Дел Потро имаше успешна операција на коленото

A1on

Федерер избори финале во Хале

A1on

Чориќ го предаде мечот на турнирот во Хале

A1on