Хуавеј: Нема намалување на производството на паметни телефони

Кинескиот технолошки гигант Хуавеј ги отфрли наводите за привремено запирање на производството на паметни телефони, додека компанијата се обидува да ги преброди последиците од санкциите од САД.

Американските корпорации Гугл, Мајкрософт, како и Интел, Куалком и Броадком, ја прекинаа соработката со Хуавеј. Тоа според „Саут Чајна морнинг пост“, ѝ оневозожи на кинеската фирма да набави материјали коишто се клучни за меѓународниот пазар. Така, се појави и податок дека Фокскон, компанија која ги произведува клучните делови на Хуавеј телефоните, запрела неколку производни линии откако Хуавеј ги намали нарачките.

Хуавеј тоа го демантираше и истакна дека нивото на производство е нормално, без никакви нарушувања.

Кинескиот гигант имаше план – до 2020 година да стане најбараниот добавувач на мобилни телефони. Санкциите од САД можат да ги попречат тие амбиции.

Би можело да ве интересира

На „Хуавеј“ ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони

A1on

„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања

A1on

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј

A1on

Епл може да се соочи со големи проблеми поради Хуавеј, предупредуваат аналитичари

A1on

Хуавеј: САД ја потценуваат нашата сила

A1on

Администрацијата на Трамп му даде на „Хуавеј“ привремена лиценца за 3 месеци

A1on