ЕНАР: Малцинствата „се многу малку застапени“ во Европскиот парламент

Етничките малцинства остануваат „во голема мерка недоволно застапени“ во новиот Европски парламент по изборите, смета Европската мрежа против расизмот (ЕНАР), која спојува многу невладини организации во Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Според анализите на ЕНАР, 36 од 751 европратеници ќе дојдат од малцинствата во наредното законодавство. Ова претставува околу пет проценти од европратеиците, додека ЕНАР проценува дека „расните и етничките малцинства претставуваат најмалку 10 отсто од населението на Европската унија“.

Европратниците чија „боја“ на кожата е дефинирана како „не-бела“ и „со потекло надвор од ЕУ“ ќе бидат 30, бројка што ќе се намали на 24 по напуштањето на Велика Британија. Тие беа 18 во претходниот парламент. Оваа „недоволна застапеност може да се препише на структурен расизам и исклучување во општеството, директна дискриминација при гласањето, како и на малиот број на кандидатите од етничките малцинства“.

Европските институции и земјите-членки мора да „преземат јасни мерки за да осигураат дека нема дискриминација во партиските листи или институционални структури“, бара ЕНАР.

Би можело да ве интересира

Реакции на политичките групи во ЕП по обраќањето на Урсула фон дер Лајен

Проширувањето изостана од говорот на Фон дер Лајен пред Европарламентот

Ана Ололовска

ЕП гласа за назначување на Урсула фон дер Лајен за шеф на ЕК

Ана Ололовска

ЕП во вторник ќе гласа за предлогот Урсула фон дер Лајен да застане на чело на ЕК

Ана Ололовска

Европарламентот ги избра комисиските претседатели, екстремната десница исклучена

Ана Ололовска

Европската народна партија и Социјалистите и демократите ја зачуваа позицијата во ЕП

Ана Ололовска