Единствена Македонија: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по стапките на Зоран и Заев, Христијан вели едно, а Мицкоски друго

„Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија во изминатиот период се запознаа со двојната личност на Зоран Заев оти се изнагледавме како за исти случаи едно зборува Зоран, а по извесно време го демантира и друго зборува Заев.

Христијан Мицккоски трнува по стапките на Зоран Заев. Христијан Мицкоски се трансформира во двојна и подвоена личност на штета на македонските национали и државни интереси.

Христијан Мицкоски од Германија по повод големиот ракометен успех на Вардар упатуваше патриотски пораки за големиот Вардар од Македонија а само по еден ден, поточно, вчера, раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средбата во Скопје со сите амбасадори од Севреноатланскиот совет на НАТО велат дека „врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на Македонија во НАТО“, а токму со членството на Македонија во НАТО се бришат Македонците.

Лагите и двојните игри кај македонскиот народ и државјаните на Република Македонија повеќе не минуваат. Ваквите срцепарателни пораки во кои Христијан е за Македонија и Македонците, а Мицкоски е за НАТО кој ги брише Македонија и Македонците, не поминуваат.

Народот очекува одговор на прашањето, кој се премислува, Христијан или Мицкоски?“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовски: На лидерската средба прва тема треба да бидат предвремени избори

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Во вторник самопрогласениот министер за финансии ќе го направи своето прво задолжување

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговиот расипнички карактер го урна достоинството на државата

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно згрижува партиски војници

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството го тресат само скандали со сомнителни тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатскиот скандал мора да биде осуден од страна на сите политички субјекти во државата