Џонсон: Велика Британија ја напушта ЕУ на 31 октомври, со или без договор

Борис Џонсон, фаворитот меѓу кандидатите за следен британски премиер, денеска вети дека ќе ја извади земјата од Европската унија, почнувајќи ја својата кандидатура за премиер.

Премиерката Тереза Мај во петокот поднесе оставка. Џонсон, поранешен министер за надворешни работи кој поднесе оставка во знак на протест поради начинот на кој Мај се справуваше со Брегзит, е фаворит за нејзин наследник.

– Ако бидам избран, ние заминуваме, со или без договор, на 31 октомври. Сега е време да го обединиме нашето општество и да ја обединиме нашата земја, рече Џонсон на снимка објавена на Твитер.

Би можело да ве интересира

Зелените бараат четири портфолија во идната Европска Комисија

Пред ЕП претставени приоритетите на финското претседателство со ЕУ

ЕУ подготвена за нови санкции против Венецуела

Ана Ололовска

ЕП со изборот на Урсула фон дер Лејен го избра патот на опуштање на односите со Советот на ЕУ

Ана Ололовска

Хан: Фон дер Лејен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

Урсула фон дер Лејен за обединета и силна Европа