ДКСК ќе поднесе прекршочна за градоначалникот на Неготино

Антикорупцсиката комисија на денешната седница одлучи да поведе прекршочна постапка против градоначалникот на Неготино Тони Делков, затоа што за време на изборниот процес потпишал нови вработувања во општината.

Како што објаснија од ДКСК, станува збор за ангажман преку Агенција за привремени вработувања, иако според Изборниот законик , градоначалникот не смее да започне постапка за вработување на нови лица за време на изборна кампања.

На истата седница комисијата затвори и предмет за можен непотизам за градоначалникот, со образложение  дека при постапката на вработување на сопругата на својот прв братучед се било законски и согласно планот за вработувања во општината.

Г.Н.Р

 

 

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Советникот Усеини не може да добие тендер за уривање дивоградби од Охрид

Кристијан Ландов

ДКСК: Укажувањето до Врховниот суд е да превенира потенцијален судир на интереси кај судии против кои се отворени постапки

(ВИДЕО) Илиевски: Министерот Адеми ме замоли да го забошотам неговото незаконско унапредување

Васко Маглешов

Да се зајакне улогата и заштитата на укажувачите, потребни обуки за примена на Законот

Ана Ололовска

ДКСК ќе ги разгледува случаите со Рашковски и со набавката на авибилети во институциите

Ана Ололовска

Антикорупциска ќе постапува по случајот со Рашкоски

Ана Ололовска