Пченкарни мафини со фета сирење и млад кромид

Сервирајте ја на малку поинаков начин домашно направената проја…

Потребно:
2 јајца
1 чаша (од 200 мл) брашно, половина пченкарно/половина пченично
1/2 чаша масло
1/2 чаша млеко
малку прашок за пециво
1/2 лажиче сол
1 младо кромидче
100 г фета сирење
малку шунка

Подготовка:
– Јајцата пенесто изматете ги со миксер, додадете сол, брашно, прашок за пециво, млеко и масл. Матете додека не добиете хомогена смеса.

– Шунката и младото кромидче ситно исецкајте ги, а фета сирењето издробете го. Овие состојки додадете ги во смесата со јајца и брашно. Измешајте со дрвена лажица.

– Во калапот за мафини ставете ги корпичките за мафини, или пак ако немате намастете го отворите од калапот со масло и посипете со малку брашно. Наполнете ги со смесата до врв. Ќе добиете 12 мафини.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени, 15-20 минути.

– Ако сакате да направите класична проја во тава, тогаш само удвоите ја количината на состојките.

Би можело да ве интересира

Таратур со ореви

A1on

Рагу со мелено месо

A1on

Салата со млади компири и боранија

A1on

Пилешко со шафран, леќа и зеленчук

A1on

Тоскански сладолед од лешници

A1on

Виенски гулаш со кнедли

A1on