Ракометарите во Скопје ќе пристигнат по 18 часот

Чартер лет и парична награда за ракометарите на Вардар ќе обезбди градот Скопје. Според последните информации европските шампиони ќе пристигнат во земјава со чартер лет од Келн во 18.50 часот, откако претходно беше откажан летот во 16.15 часот.

„По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје. Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50. Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.Спортот обединува.Се гледаме вечерва на градскиот плоштад „Македонија“, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Ракометарите на Вардар треба да слетаат после 18 часот на Скопскиот аеродром. Веста за пристигнувањето ја потврди ракометарот Игор Карачиќ.

На фан страната на навивачите на Вардар, „Комити“ беа објавени и детали од прославата.

Би можело да ве интересира

Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за Лигата на шампионите

A1on

Скубе останува во Вардар до 2022

A1on

Горпишин и Атман го засилуваат Вардар

A1on

Од денес можност за фотографирање со пехарот од ракометната ЛШ

A1on

Вардар директно во групите за Лигата на шампионите

A1on

ВИДЕО: Вардар преку специјално видео се збогува со ракометарите кои си заминуваат

A1on