ВИДЕО: Се активира вулканот Етна во Италија, исфрла лава стотици метри

Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри, потврдија вулканолозите во Италија.

Директорот на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Катанија (ИНГВ), Еугенио Привитера рече дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот.

– Ова наскоро може да заврши, а може и да потрае неколку месеци. Во моментов нема опасност за луѓето кои живеат во оваа област, но од безбедносни причини, потребно е да се контролира приливот на туристи, смета Привитера.

Сегашната состојба на вулканот не ги отежнува летовите кон аеродромот во Катанија.

Етна, која се издига на речиси 3.300 метри надморска височина, се наоѓа на источниот брег на Сицилија, помеѓу градовите Месина и Катанија. Ерупциите помеѓу 1991 и 1993 година го загрозија градот Заферан, кој се наоѓа во близина.

Би можело да ве интересира

Италијанскиот „крал на кокаинот“ побегна од затвор во Уругвај

A1on

Во Драч уапсен гостиварец при обид за шверц на цигари за Италија

A1on

Италјанската полиција заплени 281 килограми дрога и уапси 11 Албанци

A1on

УНИЦЕФ: Во Италија 1,2 милиони деца живеат во апсолутна сиромаштија

A1on

Долгот на Италија е голем ризик за економијата на земјите од еврозоната

A1on

По предупредувањето од премиерот, Салвини и Ди Мајо договорија соработка

A1on