ЕП не го пушти да влезе Пуџдемон, иако е избран за европратеник

На новоизбраниот шпански европратеник Карлес Пуџдемон не му било овозможено да влезе во Европскиот парламент, објавија медиумите во Брисел.

Откако вчера се обидел да земе пропусница од ЕП во Брисел, Пуџдемон поминал на проверка за безбедност, но бил спречен од обезбедувањето. На Пуџдемон му било кажано дека не е во списокот на лица со право на пристап до зградата.

Списокот се подготвува по податоци од државате чии граѓани се избрани за европратеници. Шпанските власти не му го внеле името во спискот до администрацијата на ЕП, и поради тоа нему не му било дозволено да влезе во зградата.

Пуџдемон избега во Белгија во 2017 година по неуспешниот обид за прогласување на Каталонија за независна држава. Тој е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт.

Би можело да ве интересира

ЕП во вторник ќе гласа за предлогот Урсула фон дер Лајен да застане на чело на ЕК

Ана Ололовска

Европарламентот ги избра комисиските претседатели, екстремната десница исклучена

Ана Ололовска

Европската народна партија и Социјалистите и демократите ја зачуваа позицијата во ЕП

Ана Ололовска

Давид Сасоли избран за претседател на Европскиот парламент

Ана Ололовска

ЕП не избра претседател на првото гласање, води Италијанецот Сасоли

Ана Ололовска

Четворица кандидати за претседател на Европскиот парламент

Ана Ололовска