Луксузен швајцарски „биткоин“ часовник

Познатата швајцарска компанија „Франк Милер Куве“ го претстави новиот модел часовници во ограничен тираж, наречени „Енкрипто“, со знакот на биткоинот на себе.

Часовникот е дизајниран во соработка со компанијата што се занимава со трговија со криптовалути „Регал асетс“.

Тој е достапен е во неколку различни машки и женски верзии.

Бројчаникот го содржи логото на биткоинот во средишниот дел, како и Ку-ер код.

– Како бренд, ние поставуваме трендови, што и сме го докажале повеќепати досега, а не би биле ни премногу скромни кога се говори за новитети на пазарот. Биткоинот е „милениумското злато“, што е совршен спој меѓу иновацијата и личниот избор, нагласи регионалниот директор на „Френк Милер“ брендот, Ерол Балијан.

„Енкрипто“ часовникот може да се купи и на интернет, а цената се движи од 9.800 долари за фабричката верзија, до 50.600 долари за модел украсен со дијаманти.

Би можело да ве интересира

Шумска куќичка во облик на спирала

A1on

Проѕирен базен на покрив од 55-катница во Лондон

A1on

ВИДЕО: Македонски павилјон на Прашкото Квадриенале

A1on

Симбиоза на каменот и морето

A1on

Куќа со базен на провиден покрив на Малта

A1on

Куќа инспирирана од џезот

A1on