Владата и „МАКАМ-ТРАНС“ ќе работат на решавање на проблемите на превозниците

Премиерот Зоран Заев денеска во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се сретна со претставници на Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозни трговски друштва МАКАМ-ТРАНС предводени од генералната секретарка Биљана Муртовска.

На средбата, како што информира владината прес-служба, се разговарало за прашања од интерес на превозниците при што е договорено со поактивна институционална соработка да се пристапи кон нивно решавање согласно законите во државата и искуствата и регулативите на ЕУ.

Од Владата информираат дека од страна на претставниците на МАКАМ-ТРАНС е истакнато дека за првпат со еден премиер можат отворено да разговараат за отворените прашања и проблеми.

Договорено е зголемување на заложбите за реализација на обезбедувањето дозволи согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ, а споделени се и информации околу финализирање на Спогодбата со Германија за штаер картата, што би значело и намалување на трошоците за патни такси. Постигната е согласност за вложување поголеми напори за освојување на нови транспортни пазари како Казахстан, Киргистан, Азербејџан, Грузија и Ерменија преку потпишување на билатерални спогодби, а разговарано е и за доделувањето ЦЕМТ дозволи во интерес на големите и малите превозници на стоки.

На средбата станало збор и за можностите за решавање на проблемите со казни што ги имаат превозниците на некои царински простори во други држави. Договорено е, претставниците на МАКАМ – ТРАНС да достават и забелешки на законите кои се во собраниска процедура, а кои се однесуваат на транспортниот сектор.

Би можело да ве интересира

Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели

Ана Ололовска

ВИДЕО: Официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Ана Ололовска

Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција

Ана Ололовска

Безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај пред Комисијата за транспорт

Ана Ололовска

„Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд

Ана Ололовска

Започна изградбата на пругата Приштина – Генерал Јанковиќ, Харадинај бара линија за Драч