„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ денеска почна постапка пред американски суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за ограничување на продажбата на неговата телекомуникациска опрема, што е најнов потег во тековниот конфликт со американската Влада.

Главниот правен застапник на „Хуавеи“, Сонг Лупинг, изјави на прес-конференција дека компанијата поднела барање, судот да пресуди без да се одржи расправа за тоа дали е во согласност со Уставот тоа што САД спроведуваат одредба за воен расход, со која на Владата и на нејзините изведувачи на работа, им се забранува да користат опремата на „Хуавеи“.

-Таа одлука се заканува да ги погоди нашите клиенти во повеќе од 170 земји, вклучувајќи и повеќе од три милијарди корисници, кои ги користат производите и услугите на „Хуавеи“ ширум светот, вели Сонг.

„Хуавеи“, најголем светски производител на мрежна опрема, се бори да го задржи пристапот до главните пазари за комуникациска опрема, бидејќи САД ја стави компанијата на „црната листа”, тврдејќи дека таа претставува закана за меѓународната кибер-безбедност.

Сонг наведе дека „кампањата, која ја води државата“ против „Хуавеи“ нема да ја подобри кибер безбедноста.

-Политичарите во САД ја користат моќта на една цела нација за да гонат една приватна компанија. Тоа не е нормално, рече тој.

Барањето за носење пресуда без одржување расправа има за цел да ја забрза судската постапка со цел да му дозволи на „Хуавеи“ пристапот до американските потрошувачи што е можно поскоро.

Сонг додаде дека САД не приложиле никакви докази за да докажат дека „Хуавеи“ претставува закана за безбедноста.

-Нема пиштоли, нема чад, само шпекулации, рече тој, обвинувајќи ги САД за создавање „опасен преседан“.

-Денес тоа се телекомуникациите и „Хуавеи“. Утре може да биде вашата индустрија, вашата компанија, вашите потрошувачи, заклучи Сонг.

Би можело да ве интересира

Кина ќе инвестира 20 милијарди долари во Србија до 2025 година

A1on

Прекинува со работа телевизијата на американската асоцијација за оружје

A1on

Еспер: Турција не може да има и С-400 и Ф-35

A1on

Трамп: Не сакам војна со Иран

A1on

Средба Путин – Трамп, в петок во Осака

A1on

Протестна нота од САД до Русија поради наводно малтретирање Американец

A1on