Тевдовски очекува подобри движења во економијата од проектираното

Подобри движења во економијата од првичната проекција на Владата за годинава, како и поголема реализација на капиталните инвестиции во второто полугодие, очекува министерот за финансии Драган Тевдоски.

-Јас сум оптимист и ние практично ги следиме движењата на економијата сега и гледаме попозитивно отколку што е првичната нашата проекција и кога ќе имаме конкретно ќе соопштиме, изјави министерот одговорајќи на новинарски прашања на отворањето на Деновите за финансиска писменост.

За реализацијата на капиталните инвестиции, истакна дека кај патиштата што се реализираат во Јавното претпријатие за државни патишта е одлична и во првиот квартал е трипати подобро од истиот период лани.

Според него, таму има позитивни движења, а ако на тоа се надоградат бројките на силниот раст на индустриското производство од 8,8 отсто, силниот извоз, очекувањата се дека годинава ќе биде многу подобра од минатата година како движење на економијата.

-Ако се земат серија години наназад секогаш забрзувала реализацијата на капиталите инвестиции во втората половина од годината и очекуваме дека и годинава тоа ќе биде случај. Главно е што ЈП за државни патишта е надвор од буџетот и тоа годинава реализира многу подобро од минатата година. Реализира за трипати повеќе и тоа ни дава оптимизам, но и првите показатели за првиот квартал покажуваат дека економијата ќе се движи позитивно и тоа подобро од лани, рече министерот Тевдовски.

За продолжување на економската активност, како што изјави гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, упатуваат и расположливите кракторочни индикатори.

-Се уште не се објавени податоците за првиот квартал од годинава. Меѓутоа расположливите краткорочни индикатори, како податоците за индустриското поризводство, во трговијата, монетарните податоци, генерално упатуваат на натамошно продолжување на економската активност, изјави гувернерката.

Запрашан за најавената реконструкција на Владата, министерот Тевдовски рече дека целосно е посветен на промените и реформите што се прават во Министерството за финансии и дека целосно верува во политиките што ги води премиерот.

-Досега се напревени огромни чекори напред, земјата се движи во правилна насока и целосно ќе ги почитувам сите негови решенија, истакна министерот за финансии.

Во врска со проектот „Купи куќа, купи стан“, кој отсега се нуди со нови услови рече дека очекува сериозен интерес особено кај младите.

-Законот е изгласан од страна на Собрнаието. Граѓаните имаат многу поволни услови, најдобри од кога било досега. Во првиот тригодишен период каматната стапка е под три проценти и мислам дека ќе има сериозен интерес и тоа е добро, бидејќи многу граѓани посебно оние што имаат пониски примања, млади кои немаат свој стан, ќе имаат можност со поддршка од државата да дојдат до тоа, појасни министерот.

Тој ги и охрабрува сите да се информираат преку веб страницата или во просториите на Министерството за финансии, а најави дека ќе се организира и настан на кој ќе се претстават можностите за добивање на субвенционираниот кредит.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Премиерот не може да биде и министер за финансии

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Од 1 јули поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните

A1on

Три потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

A1on

Тевдовски: Фич по 13 години го зголеми рејтингот на земјата

A1on

Тевдовски: Правдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто

A1on

Тевдовски: Добрите економски резултати се потврда на добрата фискална политика

A1on